Градежниците во Македонија бараат бенифициран стаж

Одливот на работната сила од Македонија може да се спречи со зголемување на платите и бенифициран стаж, сметаат од синдикатот на градежните работници. Тие бараат работниците од потешките струки како  ракувачите на градежни машини, кранисти и возачи на тешки товарни возила најмалку една година порано да заминуваат во пензија. Бидејќи работат во несоодветни услови од синдикатот сметаат дека со тоа се намалува животниот век на работниците.

Од Министерството за труд и социјала веќе дадоа зелено светло на иницијативата за бенефициран стаж за рударите. Најавија дека наскоро, повластен стаж ќе добијат и други професии.

 

 

 

20.07.2018 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега