Невреме ја зафати Битола - дрва паднаа врз автомобили
Попладнево како што беше и најавено поголем дел од државава е под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која се спушта од североисток и е со потекло од Црноморската депресија.
На повеќе места како и во скопскиот регион се појави пороен локален дожд, грмежи и засилен ветер, од нестабилност беше зафатена и североисточна и делови од источна Македонија, објави метеорологот Славчо Поповски.
Поголема нестабилност од кавадаречкиот регион се упати кон пелагониско и најинтензивно невремето беше над битолскиот регион каде имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, а локално низ државава и тоа особено на планинските места е забележана и локална појава на град.
Големо невреме предизвика материјални штети поточно се оштетени неколку возила поради пад на дрвја од силниот ветер.
Понатаму до крајот на денов продолжува нестабилното време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа