Кога конечно времето ќе се стабилизира - какво време не очекува за викендот

 

Времето во Македонија денеска беше променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

УВ=6

Утринската температура од 15 до 21, а максималната дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладнето беше нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура достигна до 19, а дневната температура до 29 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.

 

 

 

26.07.2018 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега