После дождот студ во Македонија - вечерва есенски температури
Обилни врнежи и грмежи попладневно беа забележани во неколку градови низ Македонија.
Вечерва после невремето температурите значително опаднаа, па достигнаа бројки несвојствени за ова време од годината. Исто како да е есен.
За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа