Пендаровски: Ќе подолжиме да гниеме во изолација ако не се зачлениме во ЕУ и НАТО
Aко не успее референдумот, ако не успеат уставните промени, ако не го финализираме Договорот со Грција што беше пречка претходно 10 години да не добиеме покана да почнеме преговори, во тој случај целиот процес се замрзнува и практично поканата ќе биде или повлечена формално или ќе биде замрзната, односно ставена ад акта, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски во интервју за МКД.мк. Ако овој Договор со Грција не успее, како што вели тој, секој следен договор ќе биде само полош за нас.
На прашањето како ќе влијае тоа врз бeзбедноста на Македонија Пендаровски кажа дека нема да се распадне ржавата, но ќе биде изолирана од сите глобални текови.
„Никогаш не сум тврдел дека нашето невлегување во НАТО ќе ја распадне државата, бидејќи 10-11 години сме блокирани поради грчкото вето во НАТО и државата не се распадна, но видовме што се случи во меѓувреме со таквата држава. Изолирана од сите глобални текови. Имавме цела деценија автократски режим, веројатно најсилниот автократски режим од падот на Милошевиќ, и знаеме каков беше стандардот на граѓаните. Сите параметри одеа лошо, освен статистиката, која ни кажуваше друга реалност. Така што мислам дека ние ќе продолжиме да гниеме во самонаметнатата изолација ако решиме да не учествуваме во глобалните процеси и да не се зачленуваме во овие две организации“ вели Пендаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа