Средба Заев-Шараф: По референдумот ќе се отворат големи можности за Македонија

 

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохаммед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Заев и Шараф разговарале и за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што ќе отвори можност за соработка во повеќе полиња и сектори кои се однесуваат директно на подобрување на животот на граѓаните.

- Низ реформските процеси во нашата држава и политиките на пријателства, дојдовме блиску до нашите стратешки цели, Европската унија и НАТО. Тие, по референдумот ќе отворат големи можности за граѓаните на Македонија и на државата, првенствено на економски план, освен за стабилноста и безбедноста на земјата, истакнал премиерот Заев на средбата.

 

 

 

27.07.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега