Маж нападнат и ограбен среде улица во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи Скопје во 22:05 часот вчера, 64-годишниот Д.С. пријавил дека на улицата „Васко Карангелевски“ му било извршено разбојништво на тој начин што физички бил нападнат од непознато лице кое било во друштво со 36-годишната Т.Д. од Брусник-Битола, при што во еден момент додека лицето го удирало, Т.Д. од задниот џеб му одзела околу 7.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

 

28.07.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега