Пукање пред скопска чајџилница - полицијата трага по осуденик во бегство

По претходно подготвен оперативен план за приведување на две лица, 27-годишниот И.Ш. и 30-годишниот С.С., осуденици кои биле во бегство од затвор, вчера околу 16:45 часот во село Арнакија, скопско, биле лоцирани во локална чајџилница.

Поради безбедносните проценки и сознанија дека лицата се вооружени при нивното приведување од страна полициски службеник биле испукани два куршуми во воздух. Едниот од лицата - С.С., е  фатен и приведен, додека пак И.Ш. е сеуште во бегство и по него се трага. 

 

 

 

 

28.07.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега