Сообраќајка во сопски Илинден, жена со тешки повреди завршила во болница

Вчера во 21,00 часот на крстосница од улица 2 и сервисната улица која води кон фабриката “ Мултипром“, во населба Илинден, се случила сообраќајна незгода.

Имено патничко возило “БМВ“ со скопски регистарски таблички,  управувано од 27- годишниот  Ф.Л од Скопје удрило во пешакот 46- годишната Д.С од Скопје, соопштуваат од полиција.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобила пешакот Д.С. која е пренесена во ГОБ Свети Наум Охридски каде што е задржана на понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.07.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега