Залутан куршум заврши во домот на скопјанец

Вчера околу 16 часот и 20 минути Секторот за внатрешни работи Скопје 55- годишниот Ж.Ј пријавил дека истиот ден околу 15,50 часот додека бил во неговиот дом забележал оштетување на кровот од заталкан куршум.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека станува збор за оштетување на кровот од огнено оружје н.н. калибар.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било извршено фотографирање и подигање на зрното. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

29.07.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега