Заев: На Бузлуџа ќе дојдам со мотор

 

Премиерот  Зоран Заев, преку видео-порака изрази жалење што не присуствуваше на собирот во Бузлуџа им вети на бугарските социјалисти дека во следна прилика ќе допатува со својот мотор откако Бугарската социјалистичка партија ја прослави својата 127-годишнина со рекорден собир во поново време.

„Жалам што не можам да бидам со вас денеска, но верувајте ми моето срце е со вас, исполнето со сознанието за импозантниот собир на Бузлуџа, Корнелија знае, планирав да дојдам со мојот мотор, но во следна прилика“, кажа Заев на видео-пораката.

 

Тој додава дека принципите на солидарност и достоен живот се темелот на собирот на социјалистите и социјалдемократите на Бузлуџа. 

„Со Кронелија Нинова потпишавме договоро меѓу СДСМ и БСП, но нашите односи не се само формални, туку резултат на добрососедство и пријателство, кажа Заев.

 

 

 

 

29.07.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега