Напаѓачот на Саздовски ќе ја каже својата страна од приказната пред Обвинителството
Адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на еден од осомничените за убиството на Никола Саздовски-Саздо, денеска треба да ги види доказите со кои Обвинителството го товари неговиот клиент за убиство, пишува Независен.
Двајца од обвинетите за убиството на Саздо, кои се наоѓаат во притвор, двапати досега беа во Обвинителството, но се бранеа со молчење. Рауфи вели дека неговиот клиент се бранел со молчење не затоа што немал што да каже, туку првин сакале да ги видат доказите за овој случај.
Според неговата верзија, го виделе Саздо случајно на автобуската без никаков план за убиство. Го нападнале поради нетрпеливоста што ги имаат нивните спротивставени навивачки групи. Саздо бил член на „Комити“, а напаѓачите членови на „Шверцери“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа