Димитров ќе го слави роденденот на денот на референдумот
Датумот на одржување на референдумот се поклопува со роденденот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е роден токму на овој датум во 1972 година.
Тој е и потписник на Договорот во Преспа, за кој граѓаните ќе гласаат на 30-ти септември. Уште една коинциденција е тоа што на самиот ден на потпишување на Договорот, се славаше, пак, роденденот на долгогодишниот медијатор во спорот, Метју Нимиц.
Ова не е првпат Димитров за роденден да му се случуваат големи работи. Во 2013 го доби најголемиот подарок му се роди син. Тогаш Димитров напиша „Поголем подарок здравје“
По овој повод Димитров се огласи на Фејсбук и напиша:
„30 септември. Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да не’ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината). Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша Димитров на својот фејсбук профил откако парламентот вчера донесе одлука за распишување на референдумот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа