Денеска сончево и топло со температури до 33 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Од УХМР информираа дека во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло.
14.06.2025 - 09:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа