Дрво падна врз жена во невремето во Скопје - што не чека наредната недела
Според моменталните анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека ќе имаме каде каде постабилно време за разлика од изминатиот долг период кога имавме чести врнежи, грмежи и невреме како и локални поројни поплави но и штети како и повредени граѓани во држава и тоа особено воп текот на вчерашниот петочен ден кога поради пад на дрво поради силно невреме во Скопје повредена е жена и истото паднала врз неа, сето тоа поради олујнниот ветер кој беснееше во Скопсјиот регион, стои во временската на Славчо Поповски.
Во текот на следната недела времето во државава ќе биде сончево и топло а повремено и спарно и тоа поради релативно високата влажност во воздухот која ќе ја имаме повремено.
Ќе има повремено и мала до умерена па и умерена локална облачност а само на планинските места повремено ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи додека маскималните дневни температури на воздухот во текот на следната недела ќе се искачуваат во интервалот некаде од 30 до 37, 38 степени.
Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа