Се забил со моторот во џип: Страотна несреќа, скопјанец тешко повреден

Во 11,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред селото Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од 36-годишниот С.Д. од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишниот П.Ј.  од Скопје.

Во незгодата возачот на моторциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.08.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега