Пукање во Тетово - полицијата направи увид на лице место

Во Центарот за известување и команда Тетово, вчера во 17 часот било пријавено дека во селото Дебреше, за време на одржување на семејна веселба, во куќата на 54-годишниот А.Б., дошло до нарушување на јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. 

Полициски службеници излегле на местото на  настанот во куќата на А.Б. и дознале дека нарушувањето било извршено од страна на 53- годишниот Н.А. од село Сенокос.

 Тој испукал неколку куршуми со гасен-сигнален  пиштол „Екол Арас“калибар 9мм. На местото не биле пронајдени чаури, а Н.А. бил приведено за понатамошна постапка. Гасниот пиштол му бил одземен со потврда. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

 

08.08.2018 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега