Четворица вработени во општина Карпош донесени во судот

 

Финансиска полиција на распит во Кривичниот суд во Скопје ги донесе четворицата вработени во општина Карпош  за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Тие се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост, додека Јакимовски и натаму се наоѓа во полициска станица.

Кривична пријава е покрената денеска против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања.

Финаниската полиција денеска излезе со соопштение во кое инфомира дека кривична пријава освен против Јакимовски поради основано сомнение за истото дело, како и поради соизвршителство е покрената и против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство.

Злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања Јакимовски и неговите соработници им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари, со што го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари.

 

 

 

08.08.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега