Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски
Дали ќе биде разрешен директорот на Бирото за јавна безбедност - Лазо Велковски ќе се одлучи во вторник на владина седница. Од Владата чекаат да го добијат предлогот од министерот Спасовски, по што истиот ќе биде ставен на дневен ред, пренесе 24вести.
- „Предлогот на министерот Оливер Спасовски, согласно процедурите, ќе биде ставен на дневен ред на седница на Владата на Република Македонија, до кога се очекува да биде доставен. Како за секоја друга одлука на Владата на Република Македонија, јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе биде донесена“ - информираат од Владата.
Оставка од министерот Оливер Спасовски и денеска побараа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа