Супер вест за викендот кој доаѓа
До самиот крај на оваа недела вистинското лето продолжува и во туристичките центри во државава поточно во Струга, Охрид, Преспа и во Дојран, стои во временската анализа на Славчо Поповски.
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност особено во попладневните часови кога на планинските места има услови за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи и тоа претежно на потегот од Јабланица (Струшко) па понатаму кон северозапад и тоа особено утре (четврток).
Температурите на воздухот ќе се искачуваат некаде до околу 28 степени во Преспа, 29 во Струшко и Охридско додека во Дојранско истата ќе се искачува некаде до околу 32, 33 степени.
ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДАТА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА:
Охридско Езеро 23°C
Преспанско Езеро 22°C
Дојранско Езеро 28°C
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа