Автомобил се заби во камион во Скопје - младо момче однесено директно во болница

На крстосницата од регионалниот пат Скопје-Хец „Козјак“ и ул.„1“ во село Батинци, вчера во 22:40 часот, патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Н.Н. од Скопје удрило во паркирано товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 49-годишниот М.О. од Скопје. 

По незгодата, Н.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

 

09.08.2018 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега