Циклонот Глорија направи хаос во Штип - вонредна прогноза за попладнево

 

Попладнево и вечерва како и утре особено попладнето и рано вечерта особено во западните, југозападните, локално во јужните и во источните предели како и во Скопскиот регион ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во временската на Славчо Поповски.

Локално процесите можно е да бидат повторно застапени во форма на невреме проследено со интензинзивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град,

Инаку вчера (вторник) најмногу од Глорија беше погоден Штип каде за кратко време наврнаа дури околу 50 л/м2 воден талог а големото невреме беше проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека исто така додека траат електричните празнења електричните уреди во домот задолжително да се исклучуваат од штекер.

 

 

 

 

15.08.2018 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега