Родилка од Скопје во кома хоспитализирана на геријатрија - сопругот бара одговорност
Во длабока кома со канила за дишење, родилка од Скопје наместо на КАРИЛ заврши на геријатрија. 37-годишната Анета Симоновска минатиот месец се породила на скопска гинекологија и донела машко бебе, а дента кога требала да замине дома, почнал вистински пекол. 5 дена по породувањето Анета паднала во кома, срцето откажало и таа била сместена во шок соба, пренесе Алфа.
Сопругот во неверување, се сомнева дека се работи за лекарска грешка оти како што вели сопругата била здрава кога заминала на породување.
Од управата на Геронтолошкиот завод потврдија – родилката била сместена на одделот за интензивна нега. Велат самостојно дише без вештачка вентилација. а доколку состојбата и се влоши ќе биде веднаш префрлена на клиниката за реанимација. Додаваат дека средствата за нејзино лекување ќе биле покриени преку Министерството за труд и социјална политика.
- „Сопругот на пациентката со ставање на потпис се согласи таа да биде хоспитализирана таму, а во меѓувреме, по телефонска консултација со, претпоставуваме, адвокат, го искина документот на кој претходно своерачно даде дозвола за тоа“, соопштуваат од ГАК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа