Јанкулоска се пожали на Суд: На мене и на Миле ни се прекршени човековите права со прислушувањето

 

Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески на денешното судење за предметот на СЈО „Титаник“ му рекоа на судијата Осман Шабани дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

- „Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рече Јанкулоска, пренесе Сакамдакажам.

Судијата одлучи да има паузи во судењето за таа да се грижи за бебето.

 

 

 

16.08.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега