Кацарска до адвокатите: „Не може вие да ми кажувате до кога ќе работи судот”

 

Судијката Добрила Кацарска ги опомена адвокатите на судењето за настаните на 27. април минатата година во Собрание не може ниедна од странките да диктира динамика на работа на судот, откако претходно, некои од бранителите прашаа до кога ќе траат рочиштата, пренесува Макфакс.

„Не ми го трошете времето. Седете. Ве опоменувам усно без одобрение на судот да не зборувате! Не може вие да ми кажувате до кога ќе работи судот”, ја опомена судијката Кацарска, на висок тон, адвокатката Павлина Зефиќ.

„Мојата толеранција има праг. Адвокатите го знаат мојот стил на работа”, рече Кацарска.

„Денешното судење почнуваме не со наредби, туку со молби за културно однесување. Ако 10 адвокати зборувате едно исто ќе седиме во судницата до кога има потреба” рече Кацарска.

Предметот, како што посочи судијката е голем, тежок и актуелен со голем интерес од јавноста.

 

 

 

 

22.08.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега