Наставниците конечно зедоа јулска плата
Наставниците во основните и професорите во средните училишта, конечно добија плата за месец јули, која им доцнеше, објави Независен весник.
Синдикатот за образование наука и култура Јаким Неделков за „Независен весник“. Од СОНК бараат системско решение за проблемот со доцнењето на платите на вработените во училиштата бидејќи, поради административни грешки и неажурност на некои установи и општини, последиците секој месец, континуирано со години наназад ги трпат вработените.
„Ние сме во постојана комуникација со Министерството за образование и наука, разговараме за платите и нивното доцнењето. Констатирано е дека најчеста причина за доцнење на платите е поради грешките направени во некои општини и во установите. Проблемот е системски и треба да се најде решение. Онаму каде што нема направено грешки и навремено е доставена документацијата, вработените треба навреме да си земат плата, до 15 во месецот, кога е крајниот рок за исплата на плата, со што ќе се испочитува Законот за работни односи. Згора на тоа, дополнително, проблем овој месец има и со намалената администрација во училиштата, локалните самоуправи и во Министерството за образование и наука поради годишните одмори“, изјави Неделков.
Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат, пак, вели дека платата им доцни уште на 130 вработени во основните училишта.
„Сто и триесет вработени во училиштата во дел од Источна Македонија немаат земено плата ни во понеделникот. Очекуваме, како што ни рекоа надлежните, дека ќе ја земат во вторник“, рече Гиевски.
Инаку, над илјада наставници, чии договори истекуваат до крајот на август, чекаат да им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа