Се зголемуваат платите во здравството: Најниската нема да биде под 15.000
Владата на денешната владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и ќе изнесува 13.286 денари.
Од владината служба за информирање соопштија дека со оваа корекција вредноста на бодот во здравството се зголемува за пет отсто, а пресметувањето на најниската плата ќе отпочне да се применува со исплатата за септември, и согласно колективниот договор нема да изнесува помалку од 15.770 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа