Русковска: Обвинителството собира докази и за други лица вмешани во настаните во Собранието
Обвинителството продолжува со предистражната постапка и собира докази и за други лица што сметаме дека се одговорни за настаните од 27 април минатата година.
Ова денеска по рочиштето го истакна обвинителката Вилма Русковска.
Според неа Обвинителството има предложено околу 36 сведоци и дека има многу материјални докази, како што се снимките од внатре во Собранието, снимките од мобилни телефони и од телевизиските куќи каде се гледа собирањето на групата.
Русковска рече дека секоја од групите: напаѓачи, припадници на МВР, пратеници и организатори, имале своја централна фигура, пренесе Макфакс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа