Цели 18 часа лежеле во локви крв – детали за тројното убиство во Дебар

Околу 18 часа телата на убиените сопружници и нивната 14 годишна ќерка лежеле во локви крв во куќата на нивните роднини во Дебар.

Убиството според полицијата се случило вчера рано наутро, според информациите околу 3 часот. Телата роднините ги пронашле после 21 часот кога влегле во куќата откако подолг период не успеале да воспостават телефонски контакт.

- Трагичниот настан се случил околу три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците А.П.(54) неговата сопруга Н.П. (54), а потоа и нивната четиринаесет годишна ќерка. По наредна на јавен обвинител од Гостивар, под чија надлежност е делото, телата се дадени на обдукција, изјави Димоски.

Државната агенција МИА повикувајќи се на изјави на очевидци објави дека убиецот е роднина со кого семејството имало банална расправија околу имотни проблеми. Семејството на настараданиот, кое има уште две возрасни деца, живеело во Италија, а во Дебар било дојдено за летниот одмор. Возрасните деца пред некој ден си заминале за Италија, каде работеле, а настарданите останале поради веселба кај нивни блиски роднини, кои, неофицијално и ја известиле полицијата.

Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата за МИА, видно вознемирен изјави дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век.

- Најпрво изразувам длабоко и искрено сочувство со најбилските на убиените. Навистина е жално, за што нема никакво оправдување. Ваква трагедија во нашиот град не се случил во изминатиот еден век, кусо изјави Љата.

 

 

 

27.08.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега