Паника за мајка од Охрид: Таткото го киднапирал синчето, ги зел и пасошите

Во 16,20 часот во Полициската станица Охрид, 30-годишната М.Г. од Радолишта-струшко со привремен престој во Охрид пријавила дека нејзиниот сопруг Д.Г. од Призрен-Косово противправно го одзел нивното едногодишно дете.

Имено додека таа била на работа, Д.Г. го зел детето, а потоа не одговарал на телефонските повици, а воедно ги зел и патните исправи (на детето и неговата) како и кредитните картички.

Се преземаат мерки за  целосно расчистување  на случајот.

 

 

 

31.08.2018 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа