Несреќа кај Маврови Анови: Возило се заби во ограда

Околу 10,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, на местото викано „Жировничко анче“, патничко возило „Мерцедес“ со српски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Џ.А. од Прешево, удрило во металната ограда од мост.

Од ударот возачот и сопатничката Р.А.(74) од Прешево се здобиле со повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше биле префрлени и задржани во болницата во Дебар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

31.08.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа