Се искршија Голф и Ауди: Тешка несреќа во Македонија, многу повредени

Околу 22.15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во селото Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ.(19) од Боговиње, тетовско и патничко возило „Ауди“, управувано од И.Г.(35) од тетовско Ново Село.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Голфот“, 20-годишниот Ф.М. од Боговиње. По укажаната помош во тетовската клиничка болница, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле здобиле тројца сопатници од возилото „Ауди“. По укажаната помош, двајца биле пуштени на домашно лекување, а Ш.Г.(55 ) бил задржан во болницата на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

07.09.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега