Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

 

Тројца скопјани вчера пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња скитници, на три различни локации во градот.

Според информациите на МВР, ноќеска 22-годишниот Н.К.  од Скопје пријавил во полиција дека вчера околу 23.30 часот на улица Пролет бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата нога.


Исто така, и 54-годишниот М.В. од Скопје пријавил дека вчера околу 18.50 часот на улица Пехчевска бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.

И педесет и осумгодишнниот Д.К. вчера пријавил дека во саботата во 20 часот бил каснат од куче на улицата Благоја Стевковски.

 

 

 

26.09.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега