Во Македонски Брод најголема, во Пласница најмала излезеност

 

Во општините Кичево,Македонски Брод и Пласница на единствениот избирачки список се запишани вкупно 60 314 избирачи, секаде се гласа без прекин, а до 11 часот својот глас го дадоа 3 072 избирачи или 6,12 проценти,што бележи одредено зголемување, во однос на првиот пресек во 9 часот, кога од вкупниот број на гласачи беа излезени само 1,77 проценти или 888 избирачи.

Засега се тече во најдобар ред и очекуваме до крајот на овој работен ден гласањето да протече во најдобар ред – вели Мире Ночески од ОИК за општина Кичево, пренесе Нова Македонија.

Во општина Македонски Брод до 11 часот на гласачките места излегле вкупно 420 избирачи или 8,2 проценти од запишаните граѓани на единствениот избирачки список.Излезеноста во оваа општина е највисока споредено со останатите две општини во регионот.

 

 

 

30.09.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега