Заев на гласање со синот и сопругата: Денес е празник на Македонија

 

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев гласаше на избирачкото место 1730 во ОУ „Никола Вашцаров“ во Струмица. Тој на гласање дојде во придружба на сопругата Зорица и синот Душко.

Веднаш по гласањето премиерот Заев во изјавата истакна дека денешниот ден е убав и е нов празник за Република Македонија. Додаде дека денес граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на земјата и со одлуката граѓаните го прават истото како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија, носејќи сериозни и важни одлуки со кои го трасираат патот на земјата за иднината и на наредните генерации кои доаѓаат.

- Денес е вистински празник. Јас  очекувам преку масовноста во гласањето, со големиот одѕив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од која било  политичка партија или политички определби. Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која денес ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Очекувам по овие одлуки Македонија конечно  да ги постигне  своите стратешки цели-да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот-НАТО и да биде членка на најсилната економска унија во светот-Европската унија, изјави премиерот Заев пред голем број домашни и странски новинари кои го следеа неговото гласање на референдумот во Струмица.

 

 

 

30.09.2018 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега