Бизнис заедницата ќе предложи границата за пензионирање да се зголеми за една година

 

Oткако новиот Стратешки план на ПИОМ покажа дека дупката во Фондот ќе се продлабочува, а таквата дупка ќе мора да се покрие со државен буџет, од Бизнис заедницата ќе предложат зголемување на старосната граница за пениознирање за една година, објави Сител.

-Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Бошков вели дека веќе е намалено нивото на одржливост на пензискиот фонд.

-Доколку се зголеми бројот на пензионери до 2020 на 335 или 337 илјади, тогаш тие 550 милиони што се трошат во моментот за помал број на пензионери ќе се зголеми, вели Бошков.

Според  планот, бројот на пензионери за три години ќе се зголеми за 15 илјади, и ќе изнесува  над 335 илјади. Со тоа ќе се зголемат и трошоците за пензии. Годинава по овој основ треба да се исплатат 880 милиони евра, а во 2021. -  една милијарда евра.

 

 

 

04.10.2018 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега