Канцеларијата на народниот правобранител ќе ја информира јавноста за проблемите со Избирачкиот список
Констатираните состојби и проблеми со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право, ќе бидат тема на денешниот брифинг за медиумите што ќе се одржи во Канцелеријата на Народниот правобранител.
Според Канцеларијата, проблемите со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право се провлекуваат неколку изборни циклуси наназад, за што Народниот правобраниел има изготвено и посебен извештај.
Проблемите, како што наведува Канцеларијата, се потврдија и на денот на одржувањето на референдумот.
05.10.2018 - 08:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа