Мицкоски бара обвинителство кое ќе го истражува криминалот на Заев
ВМРО-ДПМНЕ предлага да се формира ново обвинителство по евентуалните предвремени избори за сузбивање на организираниот криминал и корупција и кое, меѓу другото, ќе ги доистражи прислушуваните материјали кои се во рацете на специјалното јавно обвинителство.
Мицкоски на прес-конференција вели дека обвинителството би го заменило специјалното јавно обвинителство по завршување на неговиот мандат и ќе го испитува и периодот на работење на актуелната Влада.
Според него, ако Владата нема што да крие, ќе го прифати ваквиот предлог.
07.10.2018 - 14:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа