Полицијата го фатила со голема количина на дрога - уапсен скопјанец

 

 

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против 37-годишниот С.Ф., поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на РМ. Имено на 18.10.2018 година, постапено е по судска наредба за вршење на претрес на дом и други простории кај пријавениот. При претресот пронајденa била поголема количина на непозната растителна и прашкаста материја за кои по извршеното вештачење утврдено било дека се три стебла со корен и пет гранки од канабис, 73 грама марихуана, 170 семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана и хероин. По завршување на претресот лицето било приведено во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

 

 

 

20.10.2018 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега