Потпишан меморандум за обезбедување психолошка поддршка на пациентите

 Министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Комората на психолози на Република Македонија, Мирјана Јовановска-Стојановска денеска потпишаа Меморандум за разбирање.

Со потпишувањето на Меморандумот почнува заедничка соработка меѓу Министерството за здравство и Комората на психолози на Република Македонија во здравствените установи.

Од Министерството за здравство информираат дека со Меморандумот се отвораат можности за соработка, со цел обезбедување психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, особено на онколошките одделенија, се вложува во унапредување на здравјето на пациентите, бидејќи психолошката поддршка е едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. 

 

 

 

29.10.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега