Тричковски пред обвинител: Го сомничат за повеќе кривични дела
Екс-новинарот Бранко Тричковски добил покана да се јави во Основното јавно обвинителство о врска со истрага која се води против него и во која се сомничи за повеќе кривични дела.
Информацијата Тричковски самиот ја објави на социјалните мрежи
Тричковски во своите текстови но и постови на социјалните мрежи често користеше говор кој според многумина можеше да се карактеризира како навредлив и заканувачки по безбедноста на лицата за кои пишуваше, па за очекување е Обвинителството да отвори постапка токму за некој од овие написи.
Инаку, претходно ЈО отвори постапки и поднесе соодветни кривични пријави против неколку лица кои им според надлежните им се заканувале на високи функционери во власта но и пратеници од опозицијата кои дадоа поддршка на процесот за промена на уставното име.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа