МВР со детали за несреќата при автомобилската трка на Водно - две лица со Брза помош однесени на Клиника

 

Вчера околу 11:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, 36-годишниот С.Т. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две 39-годишниот Ј.Н. и 38-годишниот А.М. , двајцата од Скопје. ДКако што информираат од МВР со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.11.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега