Скопјанец со автомобил удри во камион

МВР објави детали за сообраќајната несреќа на регионалниот пат Градско-Прилеп, по која две лица се здобија со повреди.

На крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп вчера се случила  сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило „Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот С.С. од Скопје и товарно моторно возило „Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот В.Б. од Прилеп.

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

14.11.2018 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега