Младите од ВМРО-ДПМНЕ со симболична порака до Владата: Црно време, црна сиромаштија
Народот е со празни џебови. За тоа е најзаслужна владата. Ременот дополнително се стега. Сега се предвидува и зголемување на даноците. Зголемувањето на даноци значи ставање на раката на државата во џебот на граѓаните. Црно време за црна сиромаштија, а младите и граѓаните со празни џебови, истакна Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа денес симболично оставаме пред министерството за арач и финансии стари панталони со празни и искинати џебови, како порака дека народот е без пари, младите се без егзистенција, а зголемувањето на даноците ќе ја направи државата уште посиромашна а иднината на сите уште по црна, рече Ѓорѓиев и додаде:
„Токму ваков е, празен и искинат е џебот на граѓанинот, со зголемување на даноците ќе биде пробиено дното. Владата треба да се свести дека народот гладува и живее црн живот. Вклучен е алармот, затоа ги повикуваме сите млади да го кренат гласот и да ни се приклучат во протестите на ВМРО-ДПМНЕ, против зголемувањето на даноците, против сиромаштијата, против неисполнетите ветувања против ова црно време“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа