Струга: Ѝ се заканил дека ако не биде со него во врска ќе објави нејзини компромитирачки фотографии

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Н. од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”.

Во текот на 2018 година, пријавениот во повеќе наврати и се заканувал на девојка од село во струшко, дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега