Полиција изврши претрес на викендица: Упасени татко и син од Скопје

Врз основа на судска наредба, вчера полициски службеници извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендица сопственост на  Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др. При вториот претрес извршен на улица „Милан Зечар“ во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.

 

После извршените претреси, двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега