Татко му му дал викендичка, тој ја наполнил со дрога - македонската полиција го фати

 

На 27.11.2018 година, во време од 19,40 часот до 21,30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од  Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд - Берово,  извршен е претрес на дом и помошни простории - при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во  18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг.

 

По превземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето  М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега