Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници на градилиште

Еден работник починал на лице место, а вториот е пренесен со тешки повреди во болница откако биле поклопени со земја додека извршувале градежни работи на потпорен ѕид во општина Кисела Вода, јавува Телма.

Изведувач на работите е фирмата „Баџак Инженеринг“ која била ангажирана за изградбата на потпорниот ѕид на улицата Христо Татарчев, крак 14, со потпишан договор од општина Кисела Вода, а избрана на оглас за јавна набавка.

Во интерес на истрагата, од општината не даваат повеќе информации за несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега