Несреќа во Македонија: Судир меѓу автобус полн со работници и два автомобили

На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип попладнево  се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автобус што превезувал  работници од една штипска фирма  и два автомобили.

Несреќата се случила околу 15.05 часот. Според првичните информации од портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, на повреда се пожалил возачот на автобусот, кој со Итна медицинска помош е пренесн во штипската болница.

Полицијата  го пренасочуваше сообраќајот по други улици во градот, со што се создаде и колона од возила по булеварот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега