Тенисерот Мареј успешно опериран

Тенисерот Енди Мареј кој  е освојувач на Грен слем титули на УС Опен и Вимблдон, објави на својот Твитер профил  фотографија од болничка соба со палците нагоре.

Британскиот тенсисер се опоравува во болница во Лондон по успешната операција на грбот.

Тенисерот поради повредата на грбот беше приморан да се повлече од Ролан Гарос во мај.

Мареј нема да се врати на теренот во оваа сезона, но се надева дека ќе започне со тренинзи во ноември.

24.09.2013 - 15:57

најчитано сега